СДСМ: Државен интерес е мирен трансфер на власта

СДСМ денеска соопшти дека државен интерес на Македонија во овој момент е мирен трансфер на власта и оти институциите, политички партии и секој поединец се должни да дадат придонес кон нормализација на состојбите.

– Мора брзо да се одблокираат демократските процеси со тоа што ќе се избере нов собраниски претседател, а потоа и нова реформска влада. Укажуваме дека сите државни институции и вработените во нив имаат должност да ги заштитат државните интереси и да помогнат тој процес да се реализира согласно мнозинската волја, интересите на граѓаните и безбедноста и стабилноста на државата, а не на мала група криминалци, се вели во соопштението.

Според СДСМ, блокадата од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и поттикнувањето етнички провокации од  раководството на таа партија  се во прилог на хаос во државата, што доколку не се променат состојбите можел да се случи за три недели кога целосно престанува мандатот на градоначалниците.

– Во Република Македонија постои декларирано парламентарно мнозинство од 67 пратеници кое е власт во државата и кое ја има обврската да ги заштити граѓанските и државните интереси, истакнуваат од СДСМ.