САН АНТОНИО ВО ФИНАЛЕТО

Кошаркарите на Сан Антонио, се пласираа во финалето на Западната конференција во најсилната кошаркарска лига на светот, Американската НБА.

Во “Тојота Центарот”, во Хјустон, тие ја совладаа екипата на Хјустон со 114:75 и стигнаа до четвртата победа во меѓусебниот дуел (4-2).

Гостите настапија без повредените Кавај Леонард и Тони Паркер, но тоа не беше некој поголем проблем бидејќи во своите редови ги имаа расположените Ламаркус Олдриџ, кој постигна 34 коша и запиша 12 скока, а веднаш до него беше Џонатан Симонс кој забележа 18 поени и 4 асистенции. Пети Милс постигна 14 поени и 7 асистенции.

Во финалето Сан Антонио ќе се сретне со Голден Стејт.

Во Источната конференција финале обезбеди Кливленд, а противникот ќе го има во една од екипите на Бостон и Вашингтон. Моменталната состојба е 3-2 за Бостон.