САМСОНЕНКО СИ ЗАМИНУВА ОД ВАРДАР

Сопственикот на Вардар, русинот Сергеј Самсоненко по завршување на претстојната сезона си заминува од Вардар. Незадоволен од односот на навивачите, а веројатно и нешто друго, по враќањето од Русија, тој со писмо и се обрати на јавноста. Во писмото тој вели дека премногу вложил во фудбалскиот, женскиот и машкиот ракометен клуб и тенисот во изминатите 11 години и дека тоа со ништо не може да се надомести, а најмалку со цената на билетите за натпреварот со Фенербахче.

Овој потег на Самсоненко и не е сосема неочекуван. Неговото заминување се навестуваше веќе извесно време, а неговото влегување во ЦСКА од Москва, каде несомнено ќе треба да се вложат многу повеќе средства, како да беше потврда на тоа.

Останува само да се сочека за да се види дали Самсоненко ќе остане во клубот до крајот на сезоната или ќе замине пред тоа. На крајот, можеби ќе се предомисли, во зависност од тоа со кого ќе разговара и преговара, ако преговара,  иако барем во писмото вели дека неговата одлука е конечна.