РОНАЛДО БЛЕСНА ВО МИНХЕН

Благодарејќи на двата гола на најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо, Реал од Мадрид направи голем чекор кон полуфиналето на Лигата на шампиони. Во првиот полуфинален натпревар кој се играше на “Алианц Арената” во Минхен, шпанците го совладаа Баерн со 2-1 и се на најдобар пат да се пласираат во понатамошните натпревари.

Баерн поведе со прекрасниот гол на Артуро Видал во 25 минута, кој едноставно ја “закова” топката во мрежата на Хесус Навас. Видал сепак се претвори во трагичар на натпреварот, бидејќи во последните минути од првото полувреме не успеа да погоди од белата точка.

Во второто полувреме Реал заигра онака како што и можеше да се очекува, брзо, поврзано и многу подобро отколку во првиот дел. Резултат на таквата игра беше израмнувањето кое стигна преку Кристијано Роналдо во 47 минута. И во продолѝението на натпреварот сликата не се смени, особено не откако поради прекршок над Кристијано Роналдио беше исклучен Хави Мартинес. Бројчаната предност на неговиот тим ја искористи повторно Роналдо во 77 минута и со својот втор погодок ја обезбеди победата на својата екипа.

Сепак за “баварците” не е се загубено. Реваншот е на “Сантјаго Бернабе”, во Мадрид,  а добра вест за Карло Анчелоти е што на на таа средба најверојатно ќе го има и најдобриот стрелец во својот тим , Роберт Левандовски, кој вчера не играше поради повреда.