РОДРИГЕЗ НА “АЛИЈАНЦ АРЕНА”

Колумбискиот ас, актуелен член на Реал Мадрид, Хамес Родригез, ги напушти “кралевите” и се сели во Баерн од Минхен. Оваа мега -вест излезе веднаш откако управите на двата клуба се договорија околу деталите на трансферот на колумбиецот. Имено за сума од 10 милиони евра, Родригез ќе биде отстапен на “баварците”, а по истекот на двете години Баерн ќе може да го откупи договорот за 35,2 милиони евра. Тоа значи дека максималната заработувачка на Реал од Родригез би била 45,2 милиони евра, што е речиси половина од бараните и посакуваните 80 милиони од страна на Флорентино Перез. Инаку токму Перез му исплати сума од 80 милиони евра на Монако кога го носеше напаѓачот во Мадрид.

Што се однесува до Родригез, неговата плата ќе биде 6 милиони евра по сезона, а што е најдобро за него, повторно ќе може да соработува со Карло Анчелоти кој му беше тренер и во Реал во периодот кога имаше многу поголема минутажа отколку сега кај Зидан.