РИСТОВСКИ ВО СПОРТИНГ

Стандардниот десен бек на Македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, ќе ја напушти Ријека по завршувањето на оваа фудбалска сезона, најдобра во историјата на овој клуб. Официјално, еден од тројцата најдобри фудбалери на ријечаните, Ристовски заминува во Спортинг од Лисабон, кој подолго време веќе покажува интерес за неговите услуги.

Како што објавуваат хрватските медиуми, веќе е и официјално дека Македонецот ја напушта Ријека, и единственото прашање е дали клубот ќе може да го задржи за Лигата на Шампиони.

Португалскиот клуб веѓе подолго време има проблеми на десната бочна позиција и никако не може да устали квалитетен фудбалер. Моментално таа позиција ја пополнува Езекил Скелето, Аргентинец, кој во суштина е играч за врска. Како што објавуваат португалските спортски медиуми, трансферот на Ристевски е речиси готова работа, па тренерот Жорге Жезус ќе може да здивне.