РФМ И РАЈН НЕКАР СЕ ДОГОВОРИЈА

Филип Талески дефинитивно ќе настапи за македонската репрезентација на СП за младинци кое од 18-31 јули ќе се одржи во Алжир. Со тоа дилемата дали нашиот најдобар млад ракометар ќе ги предводи своите репрезентативни колеги кон успех на СП е разрешена.

Имено, Рајн Некар Левен, тимот за кој игра Талески се согласи да го ослободи капитенот на младата репрезентација од првите два дена од почетокот на клупските тренинзи, така што нашиот репрезентативец ќе биде слободен да настапи за националниот тим.

Тој од денеска ќе им се придружи на репрезентативците на подготовките.