РАУЛ ГОНЗАЛЕС: НЕ СМЕЕМЕ ДА ГО ЧЕКАМЕ РЕВАНШОТ

Сите мисли на ракометарите на Вардар се свртени кон четвртфиналето од Лигата на шампиони и натпреварот со Флензбург. Доколку “црвено-црните” го минат овој противник, по четврти пат ќе се најдат меѓу четирите најдобри кои ќе решаваат кој ќе биде најдобриот во Европа. Можеби многумина мислат дека Вардар својата шанса ќе ја има на реваншот во Скопје, но тоа мислење не го дели и првиот човек на струката,. Раул Гонзалес.

– Треба да играме во полуфиналето, но претходно мораме да го елиминираме Флензбург. Не смееме да чекаме реваншот да одлучи која од евете екипи ќе се пласира, туку мораме да одиграме на победа и во Германија. Треба да играме како во СЕХА лигата. Мора да одиме на победа и во Германија и во Скопје. Само така можеме да се надеваме дека ќе дојдеме до долгоочекуваната титула. Од играчите, неизвесен е само Игор Карачиќ. Останатите се подготвени – изјави Раул Гонзалес.

Натпреварот Флензбург – Вардар ќе се игра во сабота.