РАСЕЛ ВЕСТБРУК МВП НА ПРВЕНСТВОТО

Feb 8, 2016; Phoenix, AZ, USA; Oklahoma City Thunder guard Russell Westbrook (0) smiles on the court in the game against the Phoenix Suns at Talking Stick Resort Arena. Oklahoma City won 122- 106. Mandatory Credit: Jennifer Stewart-USA TODAY Sports

Кошаркарот на Оклахома, Расел Вестбрук е избран за МВП на првенството на штотуку завршената НБА сезона. На свеченоста на доделувањето на наградите на НБА лигата, беа соопштени и податоци поради кои се доделувани овие признанија. Вестбрук сезоната ја заврши со “трипл-дабл” просек, што подразбира 31,6 поени по натпревар, 10,7 скокови и 10,4 асистенции. Второто место му припадна на Џејмс Харден од Хјустон, а трет беше Кави Леонард од Сан Антонио.

Наградата за тренер на годината му припадна на Мајк Д’Антони од Хјустон, пред Грег Попович од Сан Антонио и Ерик Сполстра од Мајами.

Најдобар одбранбен играч е Дрејмонд Грин од Сан Антонио, а најдобар шести играч Ерик Гордон од Хјустон.

Јанис Антетокумпо од Милвоки е играч кој највеќе напредувал во однос на минатата сезона.