РАКОМЕТАРИТЕ ЗАМИНАА ЗА АЛЖИР

Машката младинска репрезентација на Македонија денеска замина за Алжир, каде што од 18-30 јули ќе учествува на СП за ракометари до 21 година. Македонија ги започнува натпреварите утре против Русија, а освен руската во групата со нас се наоѓаат и репрезентациите на Шпанија, Бразил, Тунис и Буркина Фасо. Првопласираните четири селекции од секоја група ги продолжуваат натпреварите.

Во македонската селекција владее оптимизам и покрај променливата игра и резултати на подготвителните натпревари. За многумина ракометари ова е и последен настап во младинска конкуренција на репрезентативен план, па ќе сторат се да направата што подобри резултати. Капитенот Талески во името на сите ракометари изјави:

-На хартија сме најталентирата генерација, но тоа треба да го покажеме и на теренот. Повеќето играчи од оваа генерација имаат солидно искуство во А-селекцијата, а и во клубовите во кои играат. Освен тоа, одигравме два контролни натпревари во Катар, ги увидовме грешките, сметам дека ги исправивме и мислам дека достојно ќе ја претставиме Македонија на ова СП.