РАКОМЕТАРИТЕ ГИ ЗАВРШИЈА ПОДГОТОВКИТЕ

Младинската репрезентација на Македонија ги заврши подготовките во Маврово, каде што десетина дена под раководство на селекторот Илија Темелковски ја темпираа формата за СП во Алжир.

Ракометарите се полни со самодоверба и оптимизам дека во Алжир ќе покажат што знаат и умеат и дека ќе успеат да ја израдуваат македонската јавност.

На СП, Македонија се наоѓа во група со Шпанија, Русија, Тунис, Бразил и Буркина Фасо.

– Подготовките беа одлични, а оваа генерација е подготвена да ја израдува македонската спортска јавност. Сеуште има работи и недостатоци кои ќе треба да се отстранат, но имаме доволно искуство, долго време играме заедно и мислам дека сме подготвени- изјави Филип Кузмановски.

Првиот натпревар на СП во Алжир, нашата млада репрезентација ќе го игра против Русија.