Нашите баби и дедовци ја користеле ракијата како лек за сѐ и таа навистина има здравствени придобивки, секако доколку не се претера со количината.

makedonci-15-cudni-nesta-holanganka-01А еве ви пет причини да ја пиете секој ден:

1. Го продолжува животниот век
Преголемата количина ракија и кој било друг алкохол дефинитивно ќе ви го скрати животниот век, но умерената количина би можела да ви го продолжи. Најмногу поради тоа што ракијата содржи антиоксиданси кои помагаат во борбата против радикалите – кои се главните виновници за стареењето.

2. Ослободува од стрес
Доколку ја пиете во умерени количини, ракијата делува на нервниот систем и може да ве опушти. Уште еднаш ќе повториме: само доколку ја консумирате во умерени количини!

3. Го намалува ризикот од мозочен и срцев удар
Кај ракијата е одлично тоа што го спречува таложењето на наслаги од холестерол во кардиоваскуларниот систем, односно помага да се намали нивото на холестерол. Сето тоа драстично го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

4. Ја спречува појавата на настинка
Можеби сте слушнале дека ракијата може да послужи како одличен сируп против кашлање. Исто така алкохолот ги убива сите бактерии во грлото. Најдобар ефект ќе постигнете доколку ја помешате ракијата со топла вода и лимон.

5. Не дебелее
Уште еден одличен аргумент: за разлика од газираните и густите сокови, ракијата е алкохол со многу мал број калории. Ако пиете ракија ќе го намалите холестеролот во крвта и нема да добиете вишок килограми.

НАЗДРАВЈЕ!