РАБОТНИЧКИ ВО ГРУПАТА НА НОСИТЕЛИТЕ

ФИБА Европа го вклучи Работнички во ФИБА Лига Европа. И не само тоа, туку европската куќа на кошарката го стави нашиот тим во групата на носители, што значи дека во првото натпреварувачко коло, “романтичарите” би требало да имаат полесен противник.

Во групата со Работнички, значи екипи со кои нашиот тим нема да може да се сретне се наоѓаат: Монс (Белгија) Рилски спортист (Бугарија), Тарту (Естонија) Пардубице (Чешка), Егис (Унгарија), Остров (Полска), Орадеа (Романија), Истанбул и Трабзон (Турција) и Днипро (Украина).

Противникот на Работнички доаѓа од групата во која се наошаат: Балкан (Бугарија), Вурцбург (Германија), Шолнок (Унгарија), Сокхуми (Грузија), КР (Исланд), Бнеи Херзлија (Израел), Невезис (Литванија), Сибиу (Романија), Парма (Русија), Борас баскет (Шведска) и Бујукчекмече (Турција).

Првите натпревари се играат на 20. септември, а реваншите седум дена подоцна.