РАБОТНИЧКИ “НАПОЛНИ” 80 ГОДИНИ

На 4. октомври 1937 година е формиран еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија, скопски Работнички.

Увидувајќи ја потребата и интересот кој го побудуваше фудбалот, особено по учеството на репрезентацијата на предвоена ЈУгославија на СП во Уругвај, неколкумина млади скопјани беа понесени од идејата да биде формиран фудбалски клуб во Скопје. По неколку неуспешни обиди во 1935 и 1936 година поради недозволувањето на тогашната власт, на иницијатива на Дане Крапчев во 1937 година беше формиран Работнички. Името на клубот го даде Дане Крапчев, поради тоа што најголемиот број фудбалери потекнувале од работнички семејства.

Низ својата долга историја, Работнички настапувал и во повоената прва лига на тогашна СФРЈугославија, со повеќе или помалку падови, но секако ќе останат запаметени неговите натпревари по осамостојувањето на Македонија против Болтон, Ливерпул, Дебрецин, Трабзонспорт и многу други познати европски клубови.