Е-дрвото потсетува на еколошките соларни клупи, кои на корисниците им овозможуваат да го се изладат од топлото време, да ги наполнат електронските уреди и да им послужат како „Wi-Fi hotspot“.

Оваа футуристичка конструкција користи соларни панели, монтирани на „гранки“, за складирање на енергија и производство на струја од Сонцето. Со таа струја, е-дрвото напојува УСБ полначи за мобилни уреди, овозможува бесплатен „Wi-Fi“ за тоа подрачје и  „LCD“ екран кој носи информации како количината на електрична енергија произведена на стеблото.

Изумот е плод на соработката помеѓу две компании, француска и израелска, чиј прототип е произведен во 2014 година. Е-дрвото е и еколошка скулптура чија цел е промовирање на свеста за животната средина и одржливиот развој, како и воспоставување на врска помеѓу општеството и природата.

Првото е-дрво поставено е во 2014 година во Израел. Освен во Израел, најмногу е-дрвја има во САД и Казакстан.