ПРВЕНСТВОТО МОЖЕ ДА ПОЧНЕ

Во просториите на КФМ беа извлечени двојките за првото коло од македонската прва кошаркарска лига, а истовремено направен и распоред како понатаму ќе се одвива натпреварувањето. Од минатата година во лигата се Работнички, МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи, Фени Индустри, Куманово, АБ Охрид, Струмица и Кожуф.

Промоција во прволигаши добија оние екипи кои тоа го изборија низ натпреварите од втората лига, Гостивар и Радовиш,. но на местото на Радовиш ќе игра Блокотехна. И на крај, поради проширувањето на првата лига од 10 на 12 клуба, прволигаши станаа и Пелистер и Шкупи.

Така во првото коло ќе се сретнат:

Пелистер – Шкупи

Фени Индустри-Гостивар

Струмица – АБ Охрид

Кожуф – Блокотехна

МЗТ Скопје Аеродром- Карпош Соколи

Куманово – Работнички