ПРОТИВ НАНТ БЕЗ КАРАЧИЌ

Европскиот првак во ракомет, Вардар, на утрешната средба која се игра во рамките на 2. коло од ЛШ против Нант, ќе настапи без Игор Карачиќ. Бекот на Вардар има повреда на скочниот зглоб и не успеа да се опорави за натпреварот против французите, што секако му задава големи главоболки на тренерот Раул Гонзалес. Засега е неизвесно колку време Карачиќ ќе отсуствува од теренот.

За овој дуел неизвесен е и настапот на голманот Страхиња Милиќ, кој исто така се пожали на повреда.

За потсетување, во првото коло од ЛШ, Вардар во Полска ја победи Висла со 26-22.