ПРОТИВ ИТАЛИЈА ОФАНЗИВНО

Подготовките на македонската фудбалска репрезентација за квалификацискиот натпревар со Италија продолжуваат со несмалено темпо. Против нас имаме силна и квалитетна репрезентација, но нашите репрезентативци се надеваат дека успешно ќе и се спротивстават.

-Не очекува тежок натпревар. Италија е една од најсилните репрезентации на светот, но тоа не значи дека однапред ќе се предадеме. Веќе покажавме дека можеме да се надигруваме и со најсилните. Ќе се обидеме да одиграме добар натпревар. Не мислам дека италијанците се под притисок за директен пласман на СП. Наше е да ги исполниме задачите на селекторот и да одиграме офанзивно, но тие се голема репрезентација независно од тоа дали ќе игра Балотели или некој друг-изјави Ферхан Хасани, кој ова лето имаше прилика во дресот на Шкендија да ја почувствува силината на италијанскиот фудбал играјќи против Милан.