Промоција на книгата со најзначајните статии и обраќања на Путин

Издавачката куќа „Ѓурѓа“ денеска ќе ја промовира книгата „Зборови што го менуваат светот“ во која се собрани најзначајни статии и обраќања на рускиот претседател Владимир Путин од 2003 до 2015 година, преведени на македонски јазик.

На промоцијата ќе се обрати амбасадорот на Русија во Република Македонија Олег Шчербак.

Настанот се организира со поддршка на Амбасадата на Руската Федерација и руската државна агенција „Россотрудничество“.