До крајот на годината Прилеп ќе добие современ трговски центар кој ќе биде изграден на местото од стариот млечен пазар. Инвеститор е компанијата „Тинекс“, а инвестицијата ќе чини 2,7 милиони евра. Деновиве интезивно се одвиваат градежните работи на оваа локација.

Од општина Прилеп велат дека отворањето на новиот трговски центар ќе донесе и отворање на 100-тина нови работни места.

Исто така е планирано и улицата која поминува позади трговскиот центар, што оди од градскиот плоштад кон музичкото училиште, во иднина да прерасне во пешачка зона поплочена со гранитни плочи.