Приходите поголеми за четири пати од влегувањето на Виена иншуренс груп во Винер

Четири пати поголеми приходи бележи осигурителната компанија Винер по станувањеето на дел од австриската групација Виена инѓуренс груп. Минатата година забележа рекордни 800 милиони денари полисирана премија, а позитивните резултати ги продолжува и годинава и во првиот квартал остварува зголемена профитабилност за речиси 50 проценти во споредба со првиот квартал од минатата година.

Од компанијата велат дека со остварените резултати лани и годинава продолжува континуираниот раст на компанијата, која од година во година остврува раст во сите сегменти на работењето. Од појавата на брендот Винер и влегувањето на Виена Иншуренс Груп на домашниот осигурителен пазар, компанијата успеа да ги зголеми приходите дури за 4 пати, а забележа и повеќекратен пораст на бројот на вработени, како и бројот на продажни места кој достигна над 80.

–          Нашиот континуиран и стабилен раст е производ на постојаното вложување во регрутација на експерти од областа на осигурувањето на кои им овозможуваме најдобри услови за работа и напреден систем на награди и бонуси. Истовремено, максимално сме посветени на обука и развој на млади талентирани кадри за кои вратите на нашата компанија се постојано отворени. Паралелно со овие процеси, засилено работевме да ги приближиме нашите услуги на граѓаните преку внимателно избрани локации и беспрекорна услуга, кои денес ги има во секој град во државата, изјави Генералниот директор на Винер, Зоран Нарашанов.

Винер Осигурување се појави на осигурителниот пазар во 2008 година, како прва компанија во сопственост на најмоќната осигуителна групација во Централна и Источна Европа – Виена Иншуренс Груп. Винер стана препознатлив на пазарот по брзата услуга на клиентите, динамичното решавање и исплаќање на штетите, како и по подароците со секоја извадена полиса. Компанијата лани ја исплати и најголемата единечна штета во историјата на македонското осигурување, стои во соопштението.