Претставници од Македонскиот центар на ИТИ на конгрес во Сеговија

Македонскиот центар на ИТИ (Интернационален театарски институт) ќе учествува во програмата на 35. Светски конгрес на ИТИ, кој  од утре до  22 јули ќе се одржува во Сеговија – шпански град со богато средновековно културно наследство.

Претставници на Македонскиот центар на ИТИ се Ивана Коцевска, член на Танцовиот одбор на ИТИ Македонија, балерина и кореограф во Македонската опера и балет; и театарскиот режисер Наум Пановски од Поиезис театарот од Њујорк, член на Меѓународниот едукативен одбор на ИТИ УНЕСКО.

– Оваа година Конгресот е претежно фокусиран на современиот и класичен танц. Според програмата, учесниците ќе бидат дел од серија на панели, дискусии, претстави и перформанси, состаноци, конференции, запознавања и размена на информации, контакти и можности за натамошни соработки, соопшти Македонскиот центар на ИТИ .