Атанасоски на средбата со Мета разговараше за позицијата на Македонците во Албанија и за нивно целонсо партиципирање во власта.

Илир Мета на средбата потврди дека Македонците сигурно ќе бидат застапени во албанските институции во поголем број, а има и големи шанси Васил Стерјовски да биде првиот Македонец во Албанскиот Парламент.

Средбата беше остварена непосредно пред предизборниот митинг во општина Пустец каде Илир Мета беше гостин на промоцијата на Васил Стерјовски за иден пратеник од партијата „Македонска Алијанса за европска интеграција“ кој е дел од коалцијата предводено од „Социјалистичкото движење за интеграција“.

Претходно Атанасоски се сретна со градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, кандидатот за пратеник Васил Стерјовски и министерот за земјоделие Едмонд Панарити. Разговараа за состојбата на Македонците во оваа општина и можностите за поголема интеграција на македонската заедница во албанските институции.

Атанасоски од бината ги поздрави Македонците од Албанија им искажа искрени желби за успех на претстојните избори. Атаноски ги повика сите Македонци да го дадат гласот за историски успех на македонското малцинство во Албанија.

 

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски