“ПРЕСЛУШАНА” И АЛБАНИЈА

Со идентичен резултат по сетови, 3-0 (25-21, 25-16, 25-22), по победата над Азербејџан, македонската одбојкарска репрезентација ја совлада и селекцијата на Албанија. Македонија беше апсолутно доминантна. Извесно возбудување имаше во првиот сет, но нашите репрезентативци успешно го минаа тестот.

Возбудувањето не беше пренесено во вториот сет, кој заврши 25-16 и нашите го добија без некој посериозен отпор. Во третиот сет противникот заигра на се или ништо, даде се од себе но единствено што успеа беше само да освои бод повеќе отколку во првиот сет.

По две одиграни кола македонија е прва со 6 а Шведска втора со 3 бода.