ПОЗНАТИ ТЕРМИНИТЕ ЗА КУПОТ ВО РАКОМЕТ

Ракометната федерација на Македонија ги објави термините за натпреварите од националниот куп во машка и женска конкуренција.

На 20 мај, во Салата Младост во Битола, во полуфиналето ќе се сретнат екипите на Еурофарм Работник и Охрид од 17:30 часот, а во второто полуфинале кое ќе почне во 20:30 часот силите ќе ги одмерат Металург и Вардар. Финалето ќе се игра на 21 мај во 16:30 часот.

Завршницата на женскиот куп ќе се игра во салата Автокоманда во Скопје. Во првото полуфинале, од 13:30 часот ќе се сретнат Металург и Прилеп, а во второто полуфинале со почеток во 16:30, Гевгелија и Вардар. Финалето во женскиот куп ќе се игра на 20 мај во 12:30 часот.