Амбасадорот на Велика Британија во Тирана Данкан Норман вели дека половина од пазарот на кокаин во неговата земја е контролиран од Албанци, пишува Albanian Daily News.

За време на говорот пред албанскиот Институт за меѓународни односи амбасадорот истакна дека Албанија се соочува со критична ситуација.
„Албанците контролираат 50% од пазарот на кокаин во Велика Британија, а и се вмешани во сообраќајот на други видови дрога. Албанците, пак, се една од најголемите групи затвореници во Велика Британија и повеќето од нив илегално влегле во земјата“, рече тој.

Според дипломатот, во моментов во Албанија сите политички сили треба да се фокусираат за да одржат слободни и фер избори.