ПОЧНУВААТ “Ф4” НАТПРЕВАРИТЕ

Денеска во Истанбул ќе се одиграат полуфиналните натпревари во”Ф4″ во кој се најдоа најдобрите четири европски кошаркарски екипи. Трофејот го брани ЦСКА од Москва, која минатата година го совлада турскиот првак Фенербахче. Интересно е што овие две екипи повторно се и оваа година меѓу четирите најдобри и што повторно имаат можност да се сретнат во финалето.

Првото полуфинале е денеска во 17:30 часот, а се среќаваат ЦСКА Москва и Олимпијакос, а во терминот од 20:30 ч. на мегдан ќе излезат Фенербахче и Реал Мадрид.

За колку силен турнир се работи зборува фактот дека три од четирите екипи (освен Фенербахче) имаат освоено 19 титули. Реал Мадрид трофејот го освојувал 9 пати, ЦСКА  7 пати и Олимпијакос 3 пати. Што се однесува до учеството на екипите во “Ф4”, заедно имаат учествувано вкупно 39 пати.

Победниците во денешните натпревари в недела ќе играат за шампионската титула, а поразените за третото место.