ПОБЕДИ МАКЕДОНСКОТО СРЦЕ

Македонската ракометна репрезентација направи голем чекор кон пласманот на ЕП. Фалениот, силниот, страшниот Исланд, беше совладан во салата “Борис Трајковски” со 30-25, во игра во која Mакедонија доминираше. Избраниците на новиот селектор Раул Гонзалес не направије никаква посериозна грешка која би можела да ги чини пораз, напротив одиграа речиси без грешка, машки и храбро. Враќањето на Борко Ристовски на голот се покажа како извонредно исправен потег на Гонзалес, кој на првиот свој натпревар на чело на Македонија извојува извонредно значајна победа.

-Задоволен сум, беше тешко, но сите ракометари одиграа одлично. Речиси перфектно. Верувавме во себе, и тоа се покажа како клучно за победата. Победи големото македонско срце. Исланд е силна репрезентација и ова е голем триумф. Сега ќе играме кај нив и ќе биде уште потешко. Треба да одиграме уште подобро. Исланд е под притисок, мора да не победи, но сега не размислуваме за тоа. Нема да им биде лесно – изјави Раул Гонзалес.