ПО ХЕЛСИНКИ, НОРЧЕПИНГ ИЛИ ТРАКАИ

Ако Шкендија успее да го мине Хелсинки, а има одлични предуслови за тоа, особено имајќи го превид резултатот од првиот натпревар во Струмица (3-1), за противник во третото квалификациско коло од ЛЕ ќе го добие победникот од дуелот меѓу Норчепинг и Тракаи.

Шведскиот тим, барем на хартија е фаворит, но во првата средба против Литванците не го оправдаа тој епитет. Додуша славеа со 2-1, но тој резултат ни оддалеку не е доволен за да можат мирно да патуваат на реваншот.

Како и да е, потребно е Шкендија да одигра уште еден добар натпревар, за задоволството на навивачите и целата македонска јавност да биде целосно, а потоа избраниците на Ќатип Османи одат на тим, без оглед кој од двата, со кој исто така можат да се надигруваат.

Првиот натпревар од тој засега хипотетичен дуел би се играл на 27 јули на теренот на противникот, а реваншот би бил седум дена подоцна во Струмица.