ПЛАТИВМЕ ДАНОК НА НЕИСКУСТВОТО

GDYNIA, POLAND - JUNE 17: Marco Asensio of Spain celebrates with team mates after scoring his team's second goal during the UEFA European Under-21 Championship match between Spain and Macedonia at Gdynia Stadium on June 17, 2017 in Gdynia, Poland. (Photo by Boris Streubel - UEFA/UEFA via Getty Images)

Младата репрезентација на Македонија загуби со 0-5 во дуелот со многу силната и квалитетна селекција на Шпанија. Избраниците на селекторот Милевски, влегоа храбро во овој дуел и во текот на целата средба не играа подредена улога. Напротив во сите елементи на фудбалската игра беа рамноправни, освен во фазата на реализацијата, каде што шпанците се покаа супериорни.

Се чини младите лавови го платија данокот на неискуиството, бидејќи повеќе мислеа на нападот отколку на одбраната, а така против една Шпанија дефинотивно ниту може, ниту смее да се игра.

Имавме и ние пролики за гол, статива погоди Давид Бабунски, имавме и еден пенал кој судијата не го досуди во наша корист, но сето тоа не го менува крајниот впечаток од овој дуел.

Головите за шпанците ги постигна Саул, Асенсио три и Делафеу.

Утре нашата репрезентација се среќава со Србија која во првиот дуел загуби од Португалија со 0-2.