Македонската писателка Силвија Митевска со расказот „Сонот на Лучиа“ ја освои специјалната награда „Slow food Tera Madre“ на дванаесетото издание на националниот конкурс „Мајчин Јазик“ во Италија.

Наградите, информираат од издавачката куќа „Или Или“ ќе бидат доделни на свечениот настан на 22 мај во Торино.

Нејзиниот расказ заедно со другите избрани, ќе се најдат во изданието насловено „Приказни за жени од странство во Италија“, кој ќе биде претставен на Меѓународен саем на книгата годинава во Италија, и ќе биде објавен во текот на годината.

Овој конкурс е во организација на регионот Пиемонте и Меѓународниот саем на книгата во Торино.

Силвија Митевска ја издаде „Додека Данте спие“ во 2015 година, а наскоро издавачката куќа ќе ја објави и нејзината втора збирка со раскази