ПИКЕ ЈА НАПУШТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА?

Искусниот штопер на Барселона и на шпанската репрезентација, Жерар Пике, како Каталонец гласаше на референдумот за отцепување на Каталонија од Шпанија. Самиот тој изјави дека е подготвен да ја напушти шпанската репрезентација.

-Доколку во фудбалскиот сојуз сметаат дека ќе бидам проблем во репрезентацијата, подготвен сум веднаш да се повлечам – рече Пике.

Навивачите на шпанската селекција на социјалните мрежи бараат од раководството на сојузот да го отстрани Пике од репрезентацијата.

-За него веќе не треба да има место во репрезентацијата. Пике не заслужува веќе да го носи дресот со шпанските бои. За Шпанија не треба да играат фудбалери кои бараат отцепување на дел од нејзината територија -се само дел од пораките кои се пласирани на социјалните мрежи.

Останува да се види дали фудбалерот на Барселона ќе биде повикан за репрезентацијата за квалификациските натпревари кои се играат за неколку дена.