1. Го намалува ризикот од појава на болести на срцето

Истражувањата покажуваат дека умерената консумација на пиво го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести. Причината за тоа лежи во моќта на пивото да го зголеми нивото на добриот холестерол, со што се намалува можноста за задебелување на артериите и згрутчување на крвта, што може да доведе до срцев удар.

2. Пивото е богато со витаминот Б6

Луѓето кои пијат пиво имаат за 30 проценти поголемо количество на Б6 во крвта од оние кои не го пијат овој пијалак. Исто така, обожавателите на пивото, во споредба со оние кои пијат црвено вино, имаат двојно повеќе витамин Б6 во организмот.

3. Пивото го спречува создавањето на камења во бубрезите

Љубителите на пивото имаат за 40 проценти помалку шанси да добијат камења во бубрезите од оние кои не пијат пиво. Истражувањата не можат да потврдат која состојка е заслужна за тоа, но секако, резултатот е импресивен.

4. Им помага на жените поубаво да стареат

Докажано е дека умерената консумација на алкохол помага во зачувувањето на густината на коските и на менталната способност кај повозрасните жени. Но, тоа не е сè. Флаваноидите во хмељот, главната состојка на пивото, имаат слични својства како естрогенот, па можат да послужат како природен надомест на хормоните кај жените во менопауза.

5. Ја спречува појавата на рак

Хмељот содржи и ксантохумол, состојка која уништува одредени ензими во организмот кои можат да предизвикаат појава на рак и му помага на телото во борбата против појава на оваа болест.