Ема Вaтсон порасна пред камерите и покрај цел тим на мејкап експерти и признава дека од нив научила многу трикови за одржување на убавината. Токму затоа и решила да ги сподели своите тајни за нега на кожата со останатите дами ширум светот.

1. Најважна е правилната нега на кожата
Ема многу внимание посветува на нејзината кожа и се труди никогаш, дури и оние денови кога работи од сабајле до вечер, да не ги прескокне своите секојдневни чекори за одржување на негата. Според неа, беспрекорната кожа е најдобра подлога за шминка.

2. Ништо не се прави без заштита од сонце
Оваа точка за младата актерка е од исклучителна важност. Поради својот светол тен и нежна кожа, таа никогаш не излегува од дома без заштитен фактор 15, што го препорачува на сите дами.

3. Добриот избор на руменило е од големо значење
И покрај тоа што таа се труди да го избегне руменилото, бидејќи има чувствителна кожа, сепак кога решава да го нанесе се определува за розова нијанса. На тој начин кожата секогаш ѝ изгледа природно и здраво.

4. Карминот ја содржи целата моќ
Од различните шминкери таа научила дека карминот за усни е тајното оружје што го исполнува изгледот на една жена. Таа најчесто носи нежни нијанси за дневните настани, а потемни верзии за вечерните.

5. Забава со боите
Ема од сè срце им препорачува на младите дами да експериментираат со боите. Таа сака светли нијанси, весели бои и најважно ѝ е да ја одбере истата онаа боја што ја носи на усните и за ноктите.