„Песната палимпсест“, нова книга од Веле Смилевски

  „Песната палимпсест“ е најновата книга на поетот и литературен критичар Веле Смилевски. Издавач е Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ од Скопје.

Во овој, како што е најавено, прв том од избраните дела на Смилевски, на 750 страници се презентирани арс-поетичките коментари на авторот за поезијата создавана во изминатите 45 години.

Покрај воведната студија со наслов „Песната палимпсест“ и примерите од поетската трилогија „Час по поезија“ (2010), стихозбирката „Забранета книга“ (2011) и поемата „Век за самување“ (2012), објавен е и тематски избор од поезијата создавана до 2000 година, под заеднички наслов „Век за приказ“.

Во посебен оддел книгата „Песната палимпсест“ донесува студии, критики и есеи за поетското творештво на Веле Смилевски од Георги Старделов, Матеја Матевски, Влада Урошевиќ, Луан Старова, Сретен Перовиќ, Сава Хеџман, Ала Шешкен, Миодраг Друговац, Олга Панкина, Саша Хаџитанчиќ и Наташа Аврамовска. Објавени се и есеи за поезијата на Смилевски од претставници на неговата генерација: Данило Коцевски, Тодор Чаловски, Ефтим Клетников, Раде Силјан, Санде Стојчевски и Бранко Цветкоски