ПЕШЕВСКИ ОСТАНУВА ВО АВТОКОМАНДА

Пикерот на македонската ракометна репрезентација, Жарко Пешевски и во следните две сезони ќе ги брани боите на Металург.

Пешевски имаше неколку опции. За неговите услуги беше заинтересиран турскиот шампион Бешикташ кој му понуди договор за две сезони, а иста таква понуда доби и од романскиот клуб Одорхеи. Сепак репрезентативецот одлучи да остане во клубот во кој настапува веќе седум сезони.

Инаку Металург оваа сезона како второпласиран во домашното првенство сигурно ќе настапува во СЕХА лигата, освен ако ЕХФ не одлучи позитивно по барањето на клубот да настапува во Лигата на шампиони, како што тоа го дозволуваше во претходните две сезони.