ПАНДЕВ УШТЕ ЕДНА СЕЗОНА ВО ЏЕНОВА

Wales' Hal Robson-Kanu (left) and FYR Macedonia's Goran Pandev (right) battle for the ball.

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, најверојатно ги разреши дилемите каде ќе ја продожи својата фудбалска кариера. Според италијанските медиуми, Пандев најверојатно уште една сезона ќе остане во Џенова, каде што беше и претходните две, меѓутоа не доби вистинска шанса во првата постава.

Уште пред неколку седмици тој изјави дека би сакал да остане во Италија, пред се во Џенова, и веројатно желбата ќе му биде исполнета.

Според италијанските медиуми, разговорите се веќе завршени и останува само формалното потпишување на договорот. Ваквиот став на Џенова веројатно е завземен по најавата дека аргентинецот Симеоне извесно ќе замине од клубот, па се очекува Пандев во оваа сезона да ја добие очекуваната шанса особено што конечно влезе во посакуваната форма.