Овој пијалок е популаризиран во Источна Европа каде се користи како одличен чистач на организмот. Станува збор за квас од цвекло кој меѓу другото помага во варење, чистење на црниот дроб, исфрлање на каменот од бубрезите, а со оглед на тоа дека е полн со пробиотици и ензими, одличен е за варењето и помага во исфрлањето на штетните материи.

Како да го подготвите?

Потребни состојки:

4 главици цвекло

1 лажица хималајска сол

Вода (провриена или дестилирана)

По желба додатоци како ѓумбир, портокал и лимон

Стаклена тегла

Добро измијте го цвелкото за да ја оставите кората. Исечете го цвеклото  на коцки со средна големина и наредете ги на дното на теглата. Потоа наполнете ја теглата со вода, оставајќи околу три сентиметри до врвот. Додајте сол и доколку сакате некој додаток. Потоа покријте ја теглата со стерилна крпа или некаква слична ткаенина и ставете ластиче. Оставете на отстои на собна температура три до пет дена. Секојдневно отворајте ја за да ја тргнете пената која ќе се создава на површината.

Квасот е готов кога има силно црвена боја и кога се создаваат меурчиња на површината, како кај газираните пијалоци. Тогаш тргнете ја крпата и ставете капаче на теглата. Цврсто затворете ја теглата и ставете ја во фрижидер за да ја продолжите ферментацијата.

Пијте два пати дневно, околу 100 мл по порција. Овој квас ќе го исчисти вашето тело и ќе го подобри варењето.