Snapchat

Го сакате Snapchat? За жал, оваа апликација е на врвот на најлошите цицачи. Што можете да направите? Вклучете го Travel режимот на работа, едно од новите подесувања на Snapchat кое го стопира претходното вчитување на фотки и видеа. Ќе ја пронајдете во подесувањата на апликацијата. Исто така, може да го исклучите и следењето на локацијата, но со ова ќе ги исклучите и геофилтрите.

Tinder

На Tinder може да си најдете партнер за секс на брзинка или љубовта на вашиот живот, но ова ќе разултира со брзо празнење на батеријата, бидејќи апликацијата постојано ја следи вашата локација, а не можете да направите нешто значително за да го промените ова.

Сите апликации за вести

Апликациите за вести исто така се освежуваат во позадина. Ослободете се од нив. И онака не нудат ништо многу повеќе од нивните матични веб дестинации. Добра алтернатива е Twitter, бидејќи сите медиумски куќи се присутни и активни таму.

Microsoft Outlook

Outlook е бескорисен доколку не се освежува во позадина. Што можете да направите? Или да ги исклучите известувањата за нова пошта, со исто така ќе биде делумно бескорисен, или да се префрлите на друга апликација. Наш избор би бил Inbox by Gmail.

Facebook и Messenger

Најголемата друштвена мрежа на светот и нејзините сателити, често се помеѓу најголемите кркачи на батерија. Facebook Lite и Messenger Lite се верзии кои користат помалку податоци, ресурси и енергија. Немаат видео повици, но ќе преживеете без нив.

Amazon Shopping

Не е најдобро оптимизирана за Android, па ја оптеретува батеријата повеќе отколку што е потребно. Наместо апликацијата, користете ја веб дестинацијата на Amazon.

Преинсталираните апликации 

Android има проблем со непотребен софтвер, односно со куп преинсталирани апликации кои не можете да ги избришете и кои иако не ги користите, триошат батерија. Но, можете да ги изгаснете во подесувањата.