Освестување и обединување на македонската нација во XIX век

Зацврстување на народниот јазик

Архитектурата во градот Охрид.

Од XIV век во Македонија започнува да се засилува влијанието на српската варијанта на старословенскиот јазик. Причина за тоа било приклучувањето на македонските краишта кон тогашната српска држава. Тоа влијание се однесува главно, на правописот. Покрај тоа, во книжевните споменици од тоа време сè повидливи се и трагите од современите живи македонски говори.

Весникот Автономна Македонија

Во времето на Отоманската Империја писменоста доживува опаѓање. Нејзиниот јазик уште повеќе се оддалечува од старословенската основа, затоа што во живиот народен говор веќе биле насобрани повеќе изразити промени. Покрај црковните богослужбени книги, во кои повеќе се водело сметка за старата писмена словенска традиција, се појавуваат сè повеќе и такви текстови што служат за читање на поширок круг луѓе или претставуваат написи за практична употреба.

Во XVI век се печатат и книги во Србија и Венеција. Во XVII век веќе доаѓаат во големи количества црковни книги печатени во Русија на рускословенски јазик.

Македонско национално движење

Весникот Автономна Македонија, Белград 1905

За време на османското владеење положбата на Македонците и создавањето на македонска држава биле многу тешки. Неколку движења, чии цели се создавање на автономна Македонија, која го покрива целиот регион на Македонија, започнале да се појавуваат кон крајот на XIX век, а најстарата од нив е Македонската револуционерна организација. Во 1905 година таа била преименувана во Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО), а по Втората светска војна организацијата се поделила на Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО) и Внатрешна тракиска револуционерна организација (ВТРО). Во почетокот организацијата не бирала националности туку била отворена за “… обединување на сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без оглед на нивната националност …”.

ВМРО за време на Илинденското востание

Поголемиот дел од членовите сепак биле Македонци. Во 1903 година ВМРО организира Илинденското востание против Османлиите, кои по некои првични успеси, вклучувајќи и формирање на Крушевската Република, било задушено со големи човечки загуби. Востанието и формирањето на Крушевската Република подоцна многу ќе влијаат кон создавањето на денешната Република.