Овластен градежен инспектор од општината Центар издаде решение за стопирање на сите градежни активности на кејот на Вардар.
„На градилиштето нема информативна табла кој е инвеститор, изведувач и надзор, нема податоци за одобрена техничка документација и одобрение за подготвителни работи“, велат од општина Центар.
Градоначалникот на општината, Андреј Жерновски, претходно од првиот човек на град Скопје, Коце Трајановски, побара да ја повлече, како што вели, незаконската одлука за изградба на улица на кејот на Вардар. Угостителите, пак, велат дека стравуваат дека во наредните  денови ќе треба да ги затворат објектите.