Разговарајте со другите посетители на нашиот сајт

ENGLISH
ИНФО
ЗА НАС
АРХИВА
ПРЕТПЛАТА
ВТОР МАНДАТ ЗА БУШ
БИЗНИС СОРАБОТКА
КОНТАКТ СО КЛУБОВИТЕ
ЦРКОВНИ ОПШТИНИ
ПИСМА ОД ЧИТАТЕЛИТЕ
 


ЏОРЏ БУШ ПРИЈАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

 

                         

 

  АЛИЈА ДАУТОСКИ, БИЗНИСМЕН
  МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА БИДЕ ШВАЈЦАРИЈА НА БАЛКАНОТ

 
 

 

   

ПОЛИТИКА
СЕ БАРА ДИРИГЕНТ БЕЗ "ПИШМАН ТАБИЕТ"

Новиот владин кабинет ќе се соочи со големи проблеми, прво спроведување на локалните избори кои се одложија поради референдумското изјаснување. Тие ќе бидат тест за довербата на коалицијата и нејзината способност да се справи со меѓуетничките проблеми, кои ги засенија слабите економски резултати.
Второ, Прашалникот од кој зависи иднината на нашата држава и основните евроатлантски насоки. Следен клучен проблем за идната македонска Влада ќе претставува актуелизирањето на прашањето на Косово и неговиот статус.


ПОЛИТИКА
КОЛКУ ЌЕ НЕ ЧИНИ АТИНСКОТО ШИКАНИРАЊЕ?

Грција нема да дозволи прием на FYROM во НАТО и во ЕУ под нејзиното уставно име. Тоа на македонскиот амбасадор во Грција, Благој Ханџиски, му го соопштил Александрос Маљас, раководител на Бирото за контакти со БЈРМ, на неодамнешната средба во Министерството за надворешни работи во Атина.
"Македонската страна треба, исто така, крајно сериозно да ја сфати создадената ситуација и да покрене акција, не да ги амортизира ефектите на грчките политичко-дипломатски акции, туку да ги афирмира своите ставови по ова прашање, да го оствари своето суверено право на избор на сопственото име", коментира д-р Игор Јанев.

ПОЛИТИКА
МИНИСТЕРСКИТЕ ГРЕШКИ "НЕ" СЕ ГРЕВ

"Ние бараме прво да се оцени одговорноста на Владата, како колегијален орган, како колективен орган и одговорноста на индивидуалниот орган во спроведувањето на она, што е како заклучок на Владата, а е спротивно, покрај другото, и на Законот за јавни набавки. Меѓутоа, спротивно е и на Законот за спречување на корупцијата, каде што носителите треба да постапуваат професионално, законито, чесно", изјави претседателот на Антикорупциската комисија Јован Трпеноски.

ИЗЛОЖБА
ЗБИР НА ФРАГМЕНТИ ОД РАЗЛИЧНО ПОТЕКЛО

Повеќе од два милениума Македонија има историски сликарски традиции, со што се докажува дека македонските сликари имаат значително голем придонес во светот.

МАКЕДОНСКА КАУЗА
УРОШ ПРВИ БИЛ ПОТОМОК НА ЦАР САМУИЛ

Српскиот жупан Урош Први бил потомок од осмото колено на цар Самуил!
И унгарските кралеви Геза Втори, Иштван Четврти и Бела Трети биле потомци на цар Самуил!

СВЕТА ГОРА
МОНАШТВОТО ПОСТОИ ЗА ОПСТАНОК НА ХРИСТИЈАНСТВОТО

СВЕТА ГОРА - Империја без круна, држава без армија, земја без жени, богатство без пари, мудрост без книги, кујна без месо, молитва која никогаш не завршува, врска со вечноста која вечно трае, Ода за вечната верба, смрт без оплакување.
Николај Велимирович, Епископот
Се смета дека првите монаси кои ги поставиле темелите на монашкиот живот се Петар Атонски, кој на Света Гора дошол во 840 година, околу 860 година таму престојувал и Ефтимије Помладиот, кој бил првиот втемелувач на лаврата, а на крај во 872 година дошол неговиот ученик Јован Колов, основач на манастирот во Јерисос.
Кон средината на XIV век настанало најголемото културно достигнување и обновување на манастирите. Во овој период се појавиле и нови теолошки и духовни движења, особено исихастичкото движење.

 
 
МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 2004
Hit Counter