ENGLISH


ИНФО

ДОМА
ЗА НАС
АРХИВА
ПРЕТПЛАТА
КАРИКАТУРА


Почитувани читатели за да го читате весникот преку нашиот сајт потребно е да го имате Adobe Acrobat Reader преземете го од тука...

 

 

 

  РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА
  “ГОЛЕМИ ДРЖАВИ“ САМО ВО СФЕРАТА НА ПОЛИТИЧКАТА ЕГЗОТИКА >>>

  ПОЛИТИКА
  ВЛАДА ВО СЕНКА РАВЕНКА СО МНОГУ НЕПОЗНАТИ

БИЛЈАНА ВАНКОВСКА
ДЕМОКРАТИЈАТА КАКО БЕЗБЕДНОСНА ЗАКАНА

Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, предлагач на граѓанската иницијатива за одржување референдум против новите локални меѓи, вели дека пораката на граѓаните за неприфаќање на територијалната поделба е јасна, а по успешниот референдум актуелната власт би требало да се повлече! 
 
повеке...

" Македонците на Балканот воопшто ги немаат овие права и бараме да се усвои еден Рамковен договор, кој ќе им даде поголеми права на Македонците од оние на тукашните Албанци, бидејќи додека тие 50 години ги имаа своите права, ние пет децении ги немавме" - вели Драги Стојкоски, потпретседател на "Обединети Македонци" - Торонто. повеќе

Да се каже дека Македонија е бизарна земја, веќе не е ни интересно. Како да отрпнавме на сопствената ни "уникатност" (името, границата кон Косово, виртуелната "оаза на мирот", чудниот конфликт кој нагалено ( ?) го нарекуваме криза и начинот на негово окончување итн.). Сепак, зачудува клацкалката на која мирот и демократијата се одмеруваат во Македонија. Никогаш не сте сигурни по кој пат треба да тргнете, затоа што, за жал, тезата дека мирот и демократијата одат рака под рака - во Македонија не важи! Правилата на играта никогаш однапред не се познати, а да не зборуваме за тоа дека понекогаш ни се кажува дека за сметка на "мирот во куќата" треба да подзаборавиме на принципите на демократијата, друг пат да заборавиме на траумите од конфликтот затоа што наводно сме биле сериозен кандидат за НАТО/ЕУ. Така, на крајот и не знаеме ниту што ни е приоритет ниту што ни е вистинско постигнување - демократската консолидација и Евроинтеграциите, или простото преживување и избегнување на најлошото. повеќе

"Оваа власт не е демократска и не верува во демократски институции. Со тоа што досега го направи, дозволувајќи си дури и директно да се судри со народот, таа го изгуби легитимитетот за демократски дијалог", вели Васил Тупурковски.
"Мислам дека демократските процеси во Македонија не се дојдени на ниво да може на успешен начин да функционира институцијата Влада во сенка", потенцира Трифун Костовски. повеќе


КУД "Бучим" е едно од повеќето културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли, кои опстојуваат во богатото фолклорно подрачје, како што е градот Радовиш и неговата околина.

повеќе


   
 
 
 
МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 2004