Разговарајте со другите посетители на нашиот сајт

ENGLISH


ИНФО

ДОМА
ЗА НАС
АРХИВА
ПРЕТПЛАТА
КАРИКАТУРА


Почитувани читатели за да го читате весникот преку нашиот сајт потребно е да го имате Adobe Acrobat Reader преземете го од тука...

 

 

 

  Драголјуб Арсовски
  ЛИДЕР ВО СФЕРАТА НА БАНКАРСТВОТО

  Љубомир Фрчкоски
  ОРУЖЈЕ ЗА МАСОВНА НЕДОВЕРБА

Децентрализација
НА МАКЕДОНИЈА НЕ И Е ПОТРЕБНА ЕТНИЧКА ПОДЕЛБА

Штетите од текуштата дебата (интимна) за територијалната поделба на Македонија која ја водат коалиционите партии, освен познатата категоријална штета која ја нанесува со насетуваните решенија кои ги читаме во медиуите, најголема штета ќе нанесе на чувството на демократската дебата. Имено, ќе ја потврди и зацврсти атмосферата на "конспирација" околу владините решенија и ќе ја продлабочи општата недоверба за и околу македонската демократија. Тоа е важен "нус" продукт на збунетоста и затвореноста на власта, но не е помалку разорен за демократските процеси. повеке...

Преговорите околу новата територијална поделба долго време тапкаат во место. Наместо Владата да го расчисти спорот околу територијалното разграничување што го најави за понеделникот, таа си даде уште ден-два да се договори и ја прекина владината седница. За цело време додека траеја договарањата меѓу коалиционите партнери СДСМ и ДУИ, се случуваа блокади организирани од најголемата опозициона партија. Преговорите запреа откако Ахмети одби да ги продолжи разговорите за децентрализација с# додека не се прифати нивниот предлог. повеке...

Состојбите во образованието на Република Македонија не се сјајни, бидејќи тоа се соочува со безброј акутни и хронични проблеми, коишто се одразуваат врз нормалното одвивање на воспитно-образовните процеси во земјава.
Притисоците од политички карактер, потоа хроничниот недостаток од кадри и од финансии, оставија големи и долготрајни траги во македонското образование. Тоа скита меѓу желбите и можностите, односно далеку е од нормалните рамки и затоа му треба време и простор за средување. Во овој момент никој не може целосно да ги опфати или да ги опише проблемите, освен да ги констатира и да се обиде еден по еден да ги решава. повеќе

Филозофското друштво на Македонија и издавачката куќа "Аз-Буки" на Филозофскиот факултет го промовираа 10-от број, односно сите досегашни десет броја од списанието "Филозофија". Воведна реч за "Филозофија" имаше претседателот на Филозофското друштво, Владимир Давчев, а за значењето на списанието говореше промоторот Мирко Ѓошевски, професор на Филозофскиот факултет. Неколку збора за него кажа и Љупчо Митковски, главен и одговорен уредник на списанието. повеке...

Под маестралната палка на академскиот сликар Владимир Георгиевски и архитектот Кокан Грчев се изроди проектот "Еце Хомо" (ECCE HOMO), кој беше пречекан со лавина од загадочни впечатоци. Инспириран од монументалната величина на религијата и нејзината мистичност, во овој грандиозен иконостас се сублимирани историската, филозофската и естетската вредност на творечкиот импулс на авторите. Проектот беше подготвен во рамките на манифестацијата "Македонија во чест на Св. Кирил", а својата свечена промоција ја имаше во Куршумли ан. повеќе

Деновиве, љубителите на театарската магија беа пријатно почестени со драмската изведба на претставата "Лонг плеј" ("Long play") на еминентниот македонски писател Горан Стефановски, во режија на Сашо Миленковски,
како дел од културниот хепенинг "Скопско лето", а во состав на програмата "Театар на месечина". Премиерата се одржа на 10 јуни, во Забавниот парк "Луна".повеќе
 
 
 
МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 2004