ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Најсвечено прославен роденденот на светата божја мајка Богородица

НОВОТО ОТКРОВЕНИЕ НА ХРАМОТ "РОЖДЕСТВО ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА"

Пишува: Драган ЗАФИРОВ

  • Во новиот параклис- црквичката која го носи името на "Покров на Света Богородица" и го симболизира разрушениот поранешен катедрален храм, се собраа многу верници, недогледен свет кој дојде на молитва и да се поклони на славеничката мајка божја - заштитничка на градот Скопје.
  • “Богородице Дево радујсе благодетнаја Маријо, Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените, благословен е плодот во твојата утроба, оти ти го роди Спасителот на нашите души”.

На 21 септември е роденденот на нашиот храм заштитник, “Рождество на пресвета Богородица”, храмот на љубовта, на нашата душа, на нашиот светилник, рожба за сите видувања, некогашни и сегашни. Камбаната ќе бие како што биеја трите поранешни ѕвона од прекрасната висока камбанарија.

Така, ќе бијат се додека со својот син господ Исус Христус, дојдат повторно за светото пришествие. Во 1935 година, пред илјадна маса верници, во присуство на тогашниот патријарх, и повеќе архиереји, свештеници и ѓаконство, славеницата го прослави својот 100 роденден, јубилеј за сите генерации и за оваа наша сегашна која го започнува светотото дело на обнова. На овој начин започнува новото воскресение, нејзината обнова за вечноста.

СИМБОЛ

На овој ден, 2003 лето господово, храмот го прослави својот патронен празник. Во новиот параклис- црквичката која го носи името на "Покров на Света Богородица" и го симболизира разрушениот поранешен катедрален храм, се собраа многу верници, недогледен свет кој дојде на молитва за да се поклони на славеничката Мајка Божја - заштитничка на градот Скопје.

Така, беше и некогаш, во далечната 1935 година. Овој незапамтен спектакл говори колку нашиот македонски народ, во скутот на својата слобода и независна држава, возвишена кон херувимите, кон Господовиот небесен престрол, ја љуби заштитничката на градот пресветла мајка Богородица.

Со песната на ангелите, и праведниците и грешниците, го очекуваа овој ден, кога таа на сите достојно им ги подари спомените на својата добрина за да ги спаси од гревовите, дарувајќи им многу здравје и многу среќа. Токму на овој историски ден, 21 септември, лето господово, се служеше голема света архијерејска литургија, под раководство на европскиот Митрополит, господин Горазд.

БЛАГОСЛОВЕНИ

Овој пат европскиот владика, нашиот Високопреосвештен господин Митрополит Горазд, одржа беседа која ги трогна сите верници.

“ Богородице дево радујсе благодетнаја Маријо, Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените, благословен е плодот во твојата утроба, оти ти го роди Спасителот на нашите души”.

Денес е нашето ново откровение, за големиот час, за небесниот вознес и нашиот поглавар на МПЦ, Неговото Блаженство г.г Стефан нека не благословува за започнатово и долго очекувано дело, за радост, за здравје, за љубов и неговото повторно воскресение.

Амин.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"