ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Воздвижение на Чесниот Крст Господов и Христовите храбри маченички

СО КРСТОТ ВИСОКО ГИ ОСЕНУВАЛЕ ВЕРНИЦИТЕ НА ЧЕТИРИ СТРАНИ НА СВЕТОТ

Пишува: аџика Живанка ФИЛИПОВСКА

  • Христос со висок глас извикува: "Оче! прости им, оти не знаат што прават! Оче, во твои раце го предавам Својот дух!".
  • Христовиот гроб, во кој беше погребан, е празен! Ангелот соопштува: "Христос не е овде, Воскресна!".
  • Светиот Крст го пронашла Св. Рамноапостолна царица Елена, мајка на римскиот цар Св. Константин, кој со силата на Крстот, во битката го победи Максимијан во 312 година.

На 14.09./27.09., МПЦ празнува два големи настани во истори-јата на христијанството: Пронаоѓање на Чесниот Крст на Голгота на кој бил распнат Господ Исус Христос, и Враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим.

"О, која уста ќе го восхвали и кој јазик ќе го изрече потребното, таа неосвоива тврдина на православните и тоа победоносно оружје на Великиот Цар Христос", тоа свето оружје на кое ја победи смртта, го победи адот. Лажните тужби од беззакониците: "Исус е безбожник, Исус е бунтовник, Исус себеси лажно се нарече Син Божји" донесуваат пресуда: "Распни го!".

Чесниот Крст Господов

Сатанска рака со огромен чекан го приковува Христос на Крстот. Клинците навлегуваат во рацете и нозете на Христа. Крвта бликнува. Капаат капки пречиста крв, од трновиот венец на главата, од рацете, од нозете, од целото тело, капаат по Крстот. Христос со висок глас извикува: "Оче! прости им, оти не знаат што прават! Оче, во твои раце го предавам Својот дух!" И штом го рече тоа, издивна.

И покрај мачењето, распетието и смртта на Крстот, Христовиот гроб, во кој беше погребан, е празен! Ангелот соопштува: "Христос не е овде, Воскресна!".

ЖИВОТВОРНИОТ КРСТ

Нечестивите го распнаа Христа, ја распнуваат Светлината, Правдата, Љубовта, но не можат никогаш да ги уништат. Голготата не го уништи Крстот, не го уништи Бога. Тој Воскресна, а со Него и светот го воскресна.

Светиот Крст го пронашла Св. Рамноапостолна царица Елена, мајка на римскиот цар Св. Константин, кој со силата на Крстот, во битката го победи Максимијан во 312 година. Светата царица Елена на аџилак во Светата Земја, го пронајде Христовиот Крст. Стариот Евреин, по име Јуда, кој единствено го знаел местото каде што се наоѓал Крстот, под притисок на царицата, кажал дека “Крстот е закопан под Венериниот храм“. Таа веднаш наредила да се разруши идолскиот храм. При копањето се пронајдени три крста и огромните клинци. Тогаш поминувала поворка со мртовец. Патријархот Макариј рекол да се стави третиот Крст врз мртовецот и тој веднаш оживел. (Кога го ставиле I – от и II - от крст, мртовецот не реагирал). Така е откриен Чесниот Животворен Крст Христов. Царицата Елена прва му се поклонила и го целивала Крстот. Патријархот го издигнал Крстот, високо, за да го видат луѓето, а народот со солзи пеел: "Господи помилуј!" Св. Елена го ставила Господовиот Крст во сребрен ковчег.

На празникот Воздвижение на Чесниот Крст, со векови архијереите, опкружени со свештениците, во Црквата, го подигале Крстот, високо и “ги осенувале со него верниците на четири страни на светот”, а народот пеел: “Господи помилуј!”. Народот овој празник го вика Крстовден, а “Воздвижение” значи издигнување на Крстот и тоа: над целата вселена како знак на победа на христијанството над светот. По повеќе години од пронаоѓање на Крстот, персискиот цар Хозрој го освоил Ерусалим, го поробил народот и го однел Чесниот Крст Господов во Персија, каде останал 14 г. Но, во 628 година, византискиот цар Ираклија, го победил персискиот цар Хозрој, и славно го вратил Крстот во Ерусалим .

"Царот, во беден костум и босоног" (како што Христос одел по Голгота, носејќи го Својот Крст), го изнесол Крстот на Голгота, и го положил во Храмот "Воскресение", за утеха и надеж на христијанскиот свет.

САКАНИ ЧЕДА

Честици од Чесното Дрво има во Светата Земја, во Црна Гора и во Хрватска.

На 10.02.2000 година на звукот на камбаната во манастирот "Св. Јован Бигорски" во Македонија, најсвечено и со најголема почит го пречекуваат Чесниот Господов Крст (две честици од Крстот) монасите при манастирот.

Св. Маченички Софија, Вера, Нада и Љубов

Јас, Аџика Живанка Филиповска, ги предадов овие честици во рацете на игуменот на манастирот Партениј, кој ги вгради во животот, во кој се наоѓаат моштите на повеќе светители. Тие се поставени на поклонение на верниците. Македонија се збогати со најсветиот дар што ни го остави големиот благодетел на човечкиот род, Господ Исус Христос.

Св. Маченички Вера, Нада, Љубов и мајка им Софија, ги славиме на 17.09./30.09. Тие пострадале за Христа во Рим, во II век, за време на цар Адријан. Мачителот ги тепал девојчињата, па ги фрлил во оган, потоа во врела смола и ги пресекол со меч. Храбрата мајка ги погребала надвор од Рим. Го испуштила својот дух, на гробот на своите сакани чеда за да биде заедно со нив на земјата и духовно – на небото, каде “блажените души на нејзините славни ќерќи ја чекаат “.

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот европски, г. Горазд


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"