акедонија и македонскиот народ во
севкупната историја на човештвото се препознатливи по неколку основни
компоненти. Тоа се вековните борби на Македонците за слобода и сопствена
држава, на дело покажаниот степен на толеранција во однос на малцинските
заедници, не само во текот на повеќето востанија, туку и во процесот на
изградување на државноста и несебичното учество во ослободителните акции на
соседните народи. Првите две карактеристики во нашето досегашно историско
опстојување се аргументирано потврдени, а за третата постојат сведоштва во
архивските збирки што се однесуваат на настаните на Балканот во текот на 19
и првата половина на 20 век.
ПОЛОЖБАТА
И покрај се, по ослободувањето на нашите соседи и по создавањето на
нивните национални држави, Македонија ја доживеја најтрагичната судбина. Со
Балканските и Првата светска војна беше поделена. Бидејќи дотогашните
природни и стопански врски со другите делови на Македонија беа пресечени со
една вештачка граница, македонскиот народ од овој дел на Македонија беше
принуден својата животна егзистенција и стопанска активност, со мали
исклучоци, да ја побара и преорентира исклучиво во земјоделство и сточарство.
Тоа придонесе овој дел на Македонија да остане отсечен и заостанат во секој
поглед. Посебен проблем настанал со доселувањето на македонското население
пребегнато од Егејска Македонија. Во Пиринскиот дел на Македонија по
завршувањето на Првата светска војна се доселија повеќе од 4.500 бегалски
семејства, бројка што претставува 16,7 отсто од целокупното население. Овој
факт ја отежнуваше уште повеќе положбата околу распределбата на земјата, а
особено тешко за решавање беше станбеното прашање. Згора на сето тоа,
бугарската официјална власт во својата државно-административна поделба, овој
дел на Македонија се уште го водеше како нова земја и кон него се однесуваше
како кон колонија од која само се бараше, а во неа ништо не се вложуваше.
Таму не беа градени фабрики, училишта, болници, патишта и железници, ниту
пак друг вид стопански објекти.
Иван Илиев
Методи Алексиев
Димитар Ацев
Коста Сандев
Македонскиот народ во новите историски услови, совен за слобода, требаше
да се бори и за обединување на татковината. Во тие напори, поддршка и помош
бараше од прегоресивните движења на земјите што ја поделија Македонија,
Србија, Бугарија и Грција. Тоа особено дојде до израз во периодот меѓу двете
светски војни. Најевидентно во тој однос е учеството на Македонците од
Пиринскиот дел и на македонската емиграција, речиси во сите случувања во
Бугарија.
Една од првите такви македонски организации беше и онаа под името
Привремено преставништво на Обединета внатрешна македонска револуционерна
организација во чии редови по завршувањето на Првата светска војна влегоа
најистакнатите раководители на некогашната ВМРО на Гоце Делчев, како: Ѓорче
Петров, Димо Хаџи Димов, Петар Поп Арсов, Туше Делииванов, Ризо Ризов и
други. На иста борбена линија беа и раководителите на Серскиот
револуционерен округ и следбеници на Јане Сандански, кои беа поборници за
македонската самостојност. Особена активност Привременото претставништво
разви во времето кога во Париз се прекројуваше картата на Европа. Тие
испратија и свој претставник и апел до конференцијата во кој се бара
национално самоопределување на македонскиот народ.
Наспроти тоа, ВМРО на Тодор Александров и Алексадар Протуѓеров, која беше
на линијата за присоединување на Македонија кон Бугарија, се повеќе ја
губеше поддршката од македонското население. Во владата на Александар
Стамоблиски, главно имаше позитивен став спрема македонското прашање. Лично
тој имаше позитивен однос кон прогресивните револуционерни и
национално-ослободителни организации на македонскиот народ.
Но, наспроти ваквиот став на претставниците на бугарската влада,
официјалните органи на власта во Пиринска Македонија се однесуваа како кон
колонија, во која со нивна помош се разви корупцијата, црната берза, шверцот
и експлоатацијата до највисок степен, што придонесе да се нема доверба во
таквата власт.
Од друга страна, бугарската крупна буржоазија, која неуморно материјално
и морално ги поткрепуваше најреакциските партии и организации, таквата
состојба ја користеа преку организацијата на Тодор Александров, а во
меѓувреме готвеше и државен удар.
СЕПТЕМВРИСКОТО ВОСТАНИЕ
По воведувањето на воено-фашистичката диктатура во Бугарија, ЦК на
Бугарската комунистичка партија (БКП) ги согледа своите погрешни ставови, а
пак по острата критика на која беа подложени од страна на коминтерната, БКП
зазеде нов став и курс кон оружено востание за извојување на
работничко-селанска власт во Бугарија. Влегува во преговори со ВМРО на Тодор
Александров и постигнуваат договор со заеднички отстапки, за оружената
акција во однос на Пиринскиот дел на Македонија.
Познавајќи го добро расположението на македонскиот народ во овој дел,
Окружниот комитет реши да го испрати Методи Алексиев во Софија и таму го
испрати Методи Алексиев во Софија и таму со помош на воено-техничкиот центар
при ЦК на БКП да се изработи дефинитивен план за востанието. Овој план
предвидуваше тоа да не се крева во целиот округ, туку само во Разлошко, а
партиската организација во Горна Џумаја да испрати еден одред на помош на
востаниците во Дупница. Што се однесува на Петричка, Мелничка и Невркопска
околија, да извршат подготовки, но да не се креваат на востание.
На 23 септември 1923 година одредот кој имаше околу 200 востаници се
упати кон Дупница. Но, по веста дека таму нема никаква востаничка акција се
повлече кон Разлог. Востаничките дејства во овој округ во почетокот имаа
успех. По кратка борба касарната во Разлог беше заземена без жртви.
Горна Џумаја
Власта на востаниците се прошири и на гратчето Банско и на околните села:
Белица, Добриништа, Бачева, Елешница, Годлево, Горно Драглиште, Дебарско и
Долно Драглиште. Меѓутоа, ваквата состојба траеше мошне кратко. Согледувајќи
ја безизлезната состојба во која се најде, раководството на востанието
донесе одлука да се преговара со оружените сили на ВМРО на Тодор Александров.
Судбината на востаниците од Разлошко не ја споделија и учесниците во
востанието од Горноџумајскиот одред. Поголемиот дел од нив, неговите водачи,
а псоебно раководителите на Окружниот комитет на БКП во Горна Џумаја, беа
масакрирани. Иван Илиев беше убиен истиот ден на 23 септември пред очите на
неговата сопруга. Коста Сандев, раководител на воениот одред беше ѕверски
убиен на 26 септември 1923 година. Тодор Чопов, внукот на Гоце Делчев, кој
беше испратен на преговори со ВМРО на Александров, го убија на 27 септември
истата година. Димитар Ацев и Никола Лисичев беа обесени во Горна Џумаја на
деветти октомври. Методи Алексиев беше еден од среќните, кој по 23 септември
се најде во четите на Алеко Василев. Меѓутоа, веќе наполно фашизираната ВМРО
не го заборави неговото учество во Септемвриското востание, и по една година,
на деветти октомври 1924 година го погуби.
Учеството на псевдоавтономистичката органзиација на ВМРО на Тодор
Александров во превратот на деветти јуни, а подоцна и во задушувањето на
Септемвриското востание, дефинитивно ја разоткри нејзината предавничка улога
на оваа организација пред очите на широките народни слоеви во Пиринскиот дел
на Македонија и сред македонската емиграција во Бугарија. Падна маската од
лицето на оваа организација. Прокламираниот принцип за водење борба за
самоопределување на македонскиот народ, за своја самостојна државна единица,
наводно врз принципите на старата Македонска револуционерна организација од
времето на Гоце Делчев, по последните настани загуби секакво значење. Вака
разоткриената организација на Тодор Александров, а особено по неговото
убиство кога на негово место дојде Ванчо Михајлов, тој ниту можеше ниту пак
сакаше да ја крие својата терористичка активност во корист на
најреакционерните влади и на самиот царски двор на бугарската држава.
И оттогаш, па се до мај 1934 година, кога оваа организација беше
растурена и забранета, во Пиринскиот дел од Македонија владееше отворен
терор кој беше раширен низ цела Бугарија. Преку таа терористичка активност
во демократскиот и прогресивен печат во странство, Бугарија беше демаскирана
како земја во која тероризмот е легализиран и за држава без никаков правен
поредок.