|
ФОРУМ
ДАЛИ МАКЕДОНЦИТЕ И ГЕРМАНЦИТЕ ГОВОРЕЛЕ ИСТ Т.Н. СЛОВЕНСКИ ЈАЗИК?
д-р Ристо Ивановски, Битола
Ч итателот би требало да се запраша,
зошто постоело забрана да не се истражува т.н. словенски период пред 6 век
н.е. и само Македонците го изгубија правото тие да имаат своја национална
држава? Одговорот е јасен. Ова дело било на берлинско-виенската школа која
ги внесла фалсификатите и таа отсекогаш се ширела на сметка на т.н.
словенски народи. Овде се поставува прашањето зошто? Затоа што Македонците и
Германците биле соседи, семејно биле поврзани и германското ширење било само
на сметка на Македонците. Поимот Словени е фалсификат, оти Русите никогаш не
биле Словени.Тие прво време пишувале со рецки и затоа биле само Рецкари. Ова
било повод тие да се наречат роцки народ. Македонците со својот македонски
царски двор го задолжиле Константин Филозов, тој во Русија да го шири
христијанството. Русите од него го презеле словото и се нарекле Словени.
Според цариградскиот патријарх Фотиос, тие за прв пат се изјаснуваа за
Словени само 860 година. Ова било повод Хомеровиот јазик да биде наречен
словенски. Ова го наведуваат Пасоф во 1815 и Џорџ во 1850 година.
Во Хомерова "Илијада" се говори за Троја. Пак според Фредегер, хроничар
на Франките (Германите) од 7 век, Македонците и Франките имале тројанско
потекло. Значи, ист народ со ист Хомеров т.н. словенски/ јазик. За Јакуб,
Цар Самоил и Ото I
разговарале само на т.н. словенски јазик.
Киндер-Хилгеман напишал дека јазикот на античките и етничките Македонци
бил Хомеров. Од македонскиот говор настанале мноштво словенски јазици. И во
наведувањето на македонскиот цар Константин VII
Перфирогенет, од десетиот век Македонците и Франките бил ист народ и
зборување на ист јазик. Сигурно, овој ја кажувал вистината.
Инаку, германскиот јазик на протестантот Лутер бил само од 16 век, никако
порано. Значи, Македонците и Германите говореле само Хомеров јазик.
|