|
ФОРУМ
НЕ ПОГУБУВААТ НЕПРИНЦИПИЕЛНОСТА И НЕДОВОЛНАТА НАЦИОНАЛНА СВЕСТ
Димитар Захов, Варна, Бугарија
М ногу зборови исполнети со желби,
кри-тики и пораки, ги имам кажано и пишано, како за состојбите во се уште
недефинираната Р. Македонија, така и за македонската дијаспора како
рефлексија на внатрешните случувања, па и за помалку подзаборавените
Македонци од се уште поробените делови на етнички целокупната татковина и
надвор од неа. Но, никој никогаш не го ставаме прстот во раната, односно не
ја кажуваме дијагнозата на нашето заболување, оти заболувањето на
Р.Македонија лежи во самите нас и не е од вчера. Како и од кого да чекаме
лек, односно помош и стратегиски концепт за излез од навидум безизлезната
ситуација во која сме заглавени одамна. Се жалиме едни на други како да
патиме од неизлечлива болест. Се испокаравме меѓусебно, или се лутиме едни
на други сите што барем нешто направиле за Македонија и каузата на
Македонците, или покажале подготвеност да дадат нешто од себе за нив, но
никако да се стигне до дијагнозата. А штом нема таква и навистина сме во
безизлезна ситуација, односно без иднина. Ако го додадеме на ова и фактот
дека ретко кој од нас патриотите знаеме што и како да работиме. Иако можеби
некој ќе ме прифати за нескромен, но ќе кажам дека јас одамна ја знам
дотичната дијагноза, но нема кој да ме чуе ни таму во слободниот наш дел, ни
овде во Бугарија каде што живееме. Ова последново само по себе е прашање за
размислување не само за оние што ја креираат македонската политика, туку и
за сите Македонци каде и да се. Доказ се моите објавени, а пред се и
необјавените текстови. Секако, тоа не е строго конципирано во ниту еден од
објавените текстови, но е проткаена во нив. Се оди на објавување и толкување
на историските настани. Притоа, често пати погрешно, бидејќи не се познава
ни нашиот македонски идентитет. Камо ли овој на соседите, пред се на
таканаречните Бугари, односно Б'лгари. Не се ни познава, ниту се проучува
вистинскиот идентитет, а инаку се зборува и пишува за нив како да се ентитет
ословувајќи ги дури со вештачки наметнатото име поради нечиј интерес. Зошто?!
Со ова, а формирајќи го основниот ни негатор ги поставуваме во прашање не
само нашето средновековно минато и преродбата, туку и нашата иднина. Ова е
така оти ниту сме се изјасниле текот на историските настани и случувања во
контекстот на туѓите интереси од една страна, а од друга етнолошките процеси
во спрега со културолошките. А, мора да ги објасниме и на другиве. Притоа,
се уште се плаќа данок на туѓите пропаганди и влијанија на вистински
постоечките или вештачки создадените народи. Токму затоа и не можеме да
расчистиме со туѓите и сопствените митови, а создаден од нашите негатори или
со нивна "помош" само со цел од една страна да го правдат нивното постоење
како народ, нација и држава, а од друга претензиите се кон Македонија како
простор, но и кон нејзиниот славен и инвентивен народ. Затоа, историските
грешки и намерни искривувања од нив не само што остануваат незаблежани,
премолчувани и неразјаснети, туку и бранети главно преку нивното
преекспонирање во нивните помоќни медиуми. Инаку, речено, ќе продолжат со
несмален интезитет да го вршат она што досега го чинеа, а и сега го чинат.
Доказ за ова е прославувањето на стогодишнината на Илинденското востание на
"Б'лгаритетот Македонија и Тракија. Прашањето тука е каде сме ние и што
правиме за да ги разјасниме работите поврзани со историските настани од
минатото, а не засегаат пред се нас самите оти најповеќе ние Македонците сме
биле, но и сега сме губитници. По мене, одговорот најопшто е: Меѓу нас
владее целосна национална дезориентација чиј резултат е нулта национална
активност поради неодоговорност, непринципиелност и ниска, односно недоволно
развиена и незајкната национална свест. Одовде произлегува и друго прашање:
кој е виновникот за ова и сето она што и се случи и случува се уште во
Македонија и на Македонците? Ако не друго, едно е точно во упатените критики
во кажаното и пишаното. Имено, македонските политичари, посебно оние од
власта, во најголема мера се виновни за се. Ним како што имам кажано
национална чест, национален интерес, достоинство и одговорност им се туѓи и
несвојствени поими. Доколку мислеа само за себе и на своите банкарски сметки
ќе ги оправдаме за нивното невешто раководење на економијата, но како да го
сториме ова за нивната деструктивна улога во се? Бидејќи тие ако не се
покажеа како најдобро остручените за да ја застанат економијата на здрави
нозе, зошто не се покажаа цврсти патриоти за да ја водат достојно
внатрешната и надворешната политика, а токму на ова поле допуштија најголеми
промашувања. Нели да се биде патриот е најлесно доколку човек е чесен и
верен на татковината и родот свој. А, за заинтересираноста за судбината на
сонародниците преку граница и да не зборувам. Нив тие ги препуштија на
милоста на поробувачите, безочните негатори, а инаку лично нивни интимни
пријатели. Знаеме дека националната свест кај нив е мошне дефицитна
категорија, за разлика од кој било друг балкански политичар, но како да си
ги објасниме непринципиелностите во нивното работење? Познато е дека
политикава е остварување на можното. Со ова се сложуваме сите, но
политичарите од македонскиот политички блок, со ова сакаат да ги правдаат
сите свои пропусти и злосторствата што му донесоа и причинија на
македонскиот народ, одејќи дури и до национални предавства едно подруго,
натпреварувајќи се меѓусбно само и само да ги посочи странскиот фактор како
подобри политичари - од "европски калибар". Да, ама дали и навистина вложија
доволно напори за остварување на можното. Резултатите сами зборуваат. Освен
тоа ни во Европа, па и никаде во светов не постапуваат како нив. Заслепени
во предавничката акција под превезот на ретки демократи тие не ни согледаа
дека самите терористите ги претвораат во херои "ослободители на Македонија"
од тираничните "словени". Коалицирање и учество во власта. Да, но никако по
секоја цена, а само во насока на зацврстување на македонската држава. Како
резултат и последица од неодговорноста, непринципиленото работење и слаба
национална свест на политичарите Македонците и ниското ниво на самодоверба
кај повеќето Македонци. Можеби таква е и целта на нашите политичари!
Илустрација на ова е овогодишната илинденска прослава. Наместо да славиме 27
векови македонска држава како што ова го милуваат да го прават нашите
негатори, ние за да не ги навредиме сами се омаловажуваме, одејќи на само
скромните 100 години. Но, по сето ова мораме да се запрашаме, само
властодржците ли се виновни?
|