ФОРУМ

СРЕДБА СО ХАОСОТ ВО ПЕКОЛОТ

Љупка Ципушева, диполомиран филолог

Ако се почувствува болка во некој дел на телото, или болка во душата, заради нарушени сегменти од процесот на живеење, тоа значи дека затаила некаде енергијата, патот за нормалност е прекинат. И се што треба во овој случај да се направи е да се воспостави врската. Значи, постоела причина, и во еден подогол процес дошло до намалување или исчезнување на енергијата, а со тоа и отсуство на она што му е од витална важност на телото човечко, или на телото наречено општество, а веднаш е тука сигналот болката, како аларм за преземање мерка истата да исчезне.

Кој тоа ја остава болката да боли и да трае без соодветна мерка? Кој, ако не личноста со нејзината психологија.

Во контекст на ова да се свртиме директно на општествента болка кај нас во Македонија, нејзината причина транзицијата, и нејзиното величество "личноста", која транзитира или која ја врши транзицијата. Системот, иако е општествена категорија, него го менува една личност, на која и се причинило дека ваква или онаква промена во општестсвото ќе биде идеална за лична среќа и материјална корист, ама, воопшто, неводејќи сметка за целокупното општество, и на свој начин, оваа личност со харизматична могила го разбранува процесот наречен промена кон идеалното.

За чудо едно, уште во старт ваквата умисла наоѓа уточиште во многу глави жедни за лична среќа и материјална корист, така, издвоените личности фаќаат стартна позиција. Нејсе. Зачекоривме и ние во Македонија така немо, без урааа, во походот наречен транзиција, велам поход бидјеќи ја чекориме втората транзициона деценија која наместо да не одведе кон идеалното, таа допушти да ние се сретнеме со хаосот во пеколот.

Кој за ова е виновен? Транзицијата? Не!

Виновни се личностите кои не водат преку мостот. Овде се поставува и друго прашање: Зошто заглавивме среде мост? Угоре високо, удолу длабоко, кој како знае и умее, без ред и поредок во надојдената буица.

Ако велам, личноста е таа која ни го отвори патот за средба со пеколот, тогаш неминовно треба да се сретнеме и со неа.

Првата личнсот со која треба да се сретнеме е г. Фиром-сениор. Него го видовме како дебела книга, доста содржајна, во која секој може да прочита по некој збор. Навистина; за одредена домашна читачка публика тој беше отворена страна на која дел од читачите се прилепија како муви, а од муви што човек може да очекува?! Но, оваа дебела книга голем интерес разбуди и кај странските подзаспани читачи, аспиранти на Македонското кирилично писмо, а во наезда се впуштија да ја читаат. Читај застани, читај застани додека стигнаа до страната каде беше се налепиле мувите, е тука странците навистина заглавија, никако да ја прочитаат таа страница од мувите, а личноста Фиром-сениор, им вели, скокајте, таа страна не е страна, тука е насловот на книгата кој не е многу битен, битно е вие да го задржите интересот и да ја прочитате до крај.

Арно ама еден странец прашува; која книга читаме? А личноста одговара; "Фиром-сениор"

На ова Кочо Рацин ќе извика.

Се к'ти ноќта црна,

копачите ми почувствуваа болка

- а "личноста", ќе одговори, - не плашете се, минлива болка, кратко ќе трае не треба лек.

Копачите во глас; се збрка ли човеков што си го мени името?

До оваа збрка изгледа дојде благодарение на личноста во која се изгубило, а останала само емоцијата. Емоцијата да. Тој знаеше често да ни заплаче, носталгијата за минатото силно го стискаше, а мотив за иднина не се раѓа двапати. Својата лична иднина, личноста си ја виде некаде далеку во времето минато, и ги замоли мувите да не го оставаат сам, ами заедно да летаат назад и само назад по нешто што не постои, а преминот го заборавија.

Во психологијата на спомнатата личност се изманифестираа многу неодредености кои ја зголемуваа нанесенеата болка и кои неодредености не тераа до бунило. Сопствениот недостаток народот си го потврди кога без анализа на личноста му подари уште еден мандат во континуитет. За ова Рацин пак ќе се јави;

Силно ни светна ден.

Од силината на светлото се искршија зраците на сонцето, низ лепезата почнаа да брмчат мувите, да летаат, а по нив народот, и го одведоја до нивната крајна дестинација.

Ништо од дебелата книга, ниту ука, ниту поука, остана само страната исфлекана од мувите, нечитлива танка книжка, скоро закржлавена, во која доминира една друга личност "Фиром-јуниор". Доминацијата на вторава личност ја засенчи првата "Фиром" демек не е актуелна болка, ами застарена, и дека фиром-јуниор е "личноста" која ќе го промовира за почеток, генијалниот лек ТАТ-лек за сите рани и болки. Терминов "личност" ни служи како поим по кого луѓето меѓусебно се разликуваат. Но, народот не виде некоја видна разлика меѓу личностиве и целосно им се предаде. А, разликата очевидна. Првата личност видно ја красеше постулатката ЕМОЦИЈА и плач, ништо друго, само тоа останало во неа, а вторава личност ја краси само МОТИВАЦИЈА и власт, ништо друго, власт само власт. Нема личноста емоција.. ама боли.. нека боли... ама се давиме ако, нему уше не му мрда, му помодрело од современава психологија, и на 15 септември "личноста"се здоби со атрибут "уникатен концепт за личност на иднината"., која ќе се скраси од по улиците во кечето на ДУИ.

За каква концептирана личност Рацин ќе рече:

Деј гиди, горо зелена!

Деј гиди, водо студена!

Птиците плачат, ти пееш,

сонце темнее, ти ликуеш.

Благодарение на перфидната вештина на личноста, и со интеракција на меѓународната снага, личноста повлече мајсторски шаховски потег, собирајќи ги сите пиуни за поддршка, и храбро му одговори на Рацин.

Скотски е, скотски животот аргатски

За власт народ давам,

За власт земја палам

На ова Рацин со болка;

За туѓи бели дворови, не копај црни гробови.

Иако велат дека поезијата е музика за душата, таа не треба само да се пее, туку таа треба да се разбере и да се почувствува, арно ама ако немаш емоција се е залудно, затоа треба брзо ревидирање на личноста се со цел да не ни скокне на некој квалификационен курс за претседател на државава. Ниедна рана не залечивме од генијалните негови откритија, напротив истите во агонија не турнаа, сите животни осцилаии се загушија заради основното и примарното губење на потребната општонародна меморија.

Народот е во состојба да препознае добро пиво од "бучкуруш", само да се потруди да сака да живее, а не да живурка. За оваа консталација е потребен нов извор на сопствена енергија која ќе ја воспостави прекинатата врска, а тоа ќе значи самоизлекување.

Грешката на "личностиве" останува забележана во времето, нанесената болка однесе многу животи, од нас народот зависи колку имаме претстава за себе кој сме, имаме ли свое јас, поседуваме ли зрелост, имаме ли потреба од норми и принципи, и ајде заеднички да си поставиме прашање;

Кој им го одзеде лебот на децата?

Во што е разликта меѓу гладните и ситите?

Кој им го одзеде достоинството на возрасните.

На овие прашања нека одговараат ситите и ситни души, наши сограѓани, кои ја искористија народната малодушност, седнаа пак на власт со деспотски стап во раце само за етнички чистиот Македонец, немислејќи дека тој има два краја, многу бргу ни дадоа сигнал дека треба да се спасуваме со другиот крај, и да им покажеме дека најголемо откритие во целокупната цивилизација е тркалото. За ова нека ми простат 5 до 10% богатите, на кои им одговара режимски систем, а тоа се арамиите, лекоумните и предавниците на својата земја и својот народ.

Ако го сакате Рацин тој пак ќе ви рече:

Пробудете се морни,

копачи и копачки

На трудот Црн

Народ"

Да се пробудиме сега, подоцна може да е предоцна.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"